Mountfield NCL 390 Lawn Mower User Manual


 
33
УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА
ЗАБЕЛЕШКА - Тревокосачката може да биде
опремена со некои веќе монтирани компоненти.
Предниот дел на веќе поставената рачка (1),
донесете го во позиција за работа и блокирајте го меѓу
фаќалките (2).
Куките (3) на фаќалките (2) треба да бидат навртени
во режим да обезбедуваат стабилно фиксирање на
горниот дел (1) на двата задни дела на рачката (4 и 5),
без примена на прекумерна сила за блокирање или
деблокирање.
Порамнување на ракофатите (6) е можно со регулација
на висината на рачката; по извршена регулација,
зашрафете ги добро ракофатите (6).
Фиксирајте го електричниот кабел со помош на
стегалките (7 – ако се предвидени) на начин да ја
следи регулацијата на висината на рачката без да се
затегнува.
Точната положба на водилката на кабелот (8) е како
што е прикажано.
За платнен магацин: Вметнете ја рамката (1) во
вреќичката (2) и прицврстете го пластичниот профил
(3) со помош на одвртка, како што е прикажано на
цртежот.
За магацин за трева од пластика и платно:Со
пластичниот дел (11) надолу, прицврстете го платното
(12) за средниот пластичен дел со штрафови (13).
Внесете го платното (12) во вреќата (14) и спојте ги
сите пластични профили (15), со помош на штрафцигер,
како што е прикажано на сликата. Вметнете го на
долниот крај од периметралните граничници (16)
платното во жлебовите на пластичните делови (11),
оставајќи 5-7 мм на краевите.
Монтирајте ја рачката (17) на горниот дел од вреќата и
вметнете ја на соодветните места
Моторот се контролира преку прекинувач со
двојно дејство кој спречува негово несакано случајно
стартување.
За стартување на моторот, притиснете го копчето (2) и
повлечете го лостот (1). Моторот автоматски
застанува при отпуштање на лостот (1).
Височината се регулира со употреба на лостот
(1). ОВА РЕГУЛИРАЊЕ ВРШЕТЕ ГО САМО КОГА
НОЖОТ МИРУВА.
Тревокосачката е опремена со телескопски
систем за регулација на рачката на начин што држачот
и командите се наоѓаат на оптимална висина во
сооднос со висината на операторот.
Регулацијата се извршува со порамнување на
ракофатите (1) и со повлекување или вртење на
држачот на рачката (2) сe додека не се постигне
саканата позиција; по извршената регулација,
зашрафете ги добро ракофатите (1).
2.3
2.2
2.1
2. ОПИС НА КОНТРОЛИТЕ
1.2b
1.2a
1.1
1. ЗАВРШНА МОНТАЖА
MK
Подигнете го дефлекторот (штитникот) и
соодветно прицврстете го цврстиот магацин за трева
(1) или платнениот магацин за трева (2) како што е
прикажано на соодвените цртежи.
Прикачувајте го правилно продолжниот кабел
како е прикажано.
Стартувајте го моторот со притискање на безб
едносниот прекинувач (2) и повлекување на лостот (1)
на спојката на погонот.
Додека косите, внимавајте кабелот за напоју-
вање секогаш да биде зад вас и на површината која е
веќе покосена.
Тревникот ќе изгледа поубаво ако тревата секогаш се
коси на иста височина и со наизменично менување на
правецот на косење.
Кога ќе завршите со косењето, отпуштете го
лостот (1). ПРВО исклучете го кабелот за напојување
од мрежната приклучница (2) и ПОТОА од страната на
спојката на тревокосачката (3).
ПОЧЕКАЈТЕ НОЖОТ ПОТПОЛНО ДА ЗАПРЕ пред да
започнете со било каква работа на косачката.
ВАЖНА НАПОМЕНА
Ако моторот запре во текот на работата заради
прегревање, почекајте околу 5 минути пред одново да
го стартувате.
ВАЖНО - Регуларното и грижливо чување е
неопходно за да се сочуваат степенот на сигурност
и оригиналноста на тревокосачката.
Тревокосачката одлагајте ја на суво место.
1) Треба да се носат цврсти ракавици за работа пред
секое чистење, чување или регулирање на
тревокосачката.
2) По секое косење, остранете ги остатоците од трева
и кал наталожени во внатрешноста на шасијата за
да избегнете исушување на истите кои можат да
предизвикаат потешкотии во нардното користење.
3) Осигурете се дека слободните делови се без
остатоци.
Секаква операција врз ножот треба да биде
извршена во специјализиран центар.
Забелешка за специјализираниот центар: Склопете
го ножот (2) следејќи ја секвенцата наведена на
сликата и стегнете ја централната навртка (1) со
динамометричен клуч, подесен а 16-20 Nm.
Немојте да користите вода под притисок и избе-
гнувајте влажнење на моторот или електричните
компоненти.
Немојте да користите груби средства за чистење на
шасијата.
Ако имате било какви недоумици или проблеми,
немојте да се двоумите да контактирате со
најблискиот Сервисен Центар или Продажен пункт.
4.2
4.1
4. РУТИНСКО ОДРЖУВАЊЕ
3.4
3.3
3.2
3.1
3. КОСЕЊЕ НА ТРЕВАТА