32
ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
СТРОГО ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ ДО ОВИЕ ПРАВИЛА
1) Внимателно прочитајте го упатството. Запознајте се со командите
и правилното користење на косачката. Научете како брзо да го сопрете
моторот.
2) Користете ја косачката за потреба само за она за што е наменета,
т.е. за косење и собирање трева. Секоја друга употреба може да е
опасна и да предизвика оштетување на машината или повреда на лица.
3) Никогаш не дозволувајте деца или лица кои не ги познаваат овие
упатства да ја употребуваат косачката.
Можно е да постојат локални законски прописи во поглед на возраста
на корисникот.
4) Никогаш немојте да ја користите тревокосачката:
- кога во нејзина непосредна близина се наоѓаат други лица, деца или
домашни животни и миленици;
- ако корисникот е под дејство на лекарства или други супстанции кои
можат да влијаат на неговата способност за брзо реагирање и
концентрација.
5) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или
опасноста по други лица или нивниот имот.
1) Кога косите, секогаш носете долги пантолони и издржливи
обувки. Немојте да работите со тревокосачката босоноги или во
отворени сандали.
2) Внимателно прегледајте ја површината каде ќе ја употребите
тревокосачката и отстранете ги сите објекти кои таа би можела да ги
исфрли (камења, стапчиња, колчиња, парчиња жица, коски, итн.).
3) Пред да започнете со косење, секогаш визуелно прегледајте ја
косачката, посебно ножот, и проверете дали сите завртрки и целиот
склоп на ножот е неоштетен или истрошен. Истрошените или оштетени
ножеви и завртки менувајте ги во комплети, за да се зачува балансот.
4) Пред косење, поставете ги штитниците на излезните отвори
(магацинот за трева или дефлекторот).
5) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Влагата и електричната струја не се
компатибилни:
- ракувањето со каблите и нивното приклучување треба да се направи
на суво;
- никогаш не дозволувајте контакт на електричниот приклучок или
кабелот со влага (барички или влажна трева);
- поврзувањето меѓу каблите и приклучокот мора да е водоотпорно.
Користете продолжен кабел со интегрален приклучок кој може
комерцијално да се набави.
- Приклучете го апаратот на наизменична струја (RCD) со напон кој не е
поголем од 30 мА.
6) Каблите за приклучк мора да се со квалитет не помал од типот
H05RN-F или H05VV-F со минимална секција од 1,5 мм
2
и најголема
дозволена должина од 25мм.
7) Прицврстете го кабелот за напојување на држачот-водилка пред да
започнете со употреба на опремата.
8) Трајното приклучување на било кој електричен уред на куќната
електрична инсталација мора да се изведе од страна на
квалифукуван електричар, во согласност со важечките правила.
Неправилната изведба на поврзувањето може да биде причина за
сериозни повреди или смрт.
1) Косете само дење или при добро вештачко осветление.
2) Избегнувајте употреба на косачката на влажна трева или при
дождливо време.
3) Никогаш немојте да преминувате со тревокосачката преку
кабелот за напојување. Кога косите, кабелот треба секогаш да се
влече зад тревокосачката и да се оддалечува од делот кој веќе е
покосен. Користете го држачот-водилка за кабелот на начинот кој е
веќе опишан во овој прирачник за да се избегне случајно и несакано
откачување на кабелот. Проверете дали кабелот е сооддетно
приклучен и избегнувајте приклучување во мрежната приклучница со
прекумерно притискање.
4) Никогаш немојте да ја влечете тревокосачката за кабелот или да
го повлекувате кабелот за да ја исклучите од мрежата. Немојте да
го изложувате кабелот на извори на топлина и не дозволувајте да доаѓа
во допир со масла, разредувачи или остри предмети.
5) Внимателно движете со по косини.
6) Немојте да трчате и не дозволувајте косачката да ве влече.
7) При менување на насоката и правецот на движење на косини бидете
посебно внимателни.
С) КОРИСТЕЊЕ
В) ПОДГОТОВКА
А) ОБУКА
MK
8) При менување на насоката и правецот на движење на косини бидете
посебно внимателни.
9) Не косете по многу искосени терени.
10) Кога ја повлекувате косачката кон себе, бидете посебно
внимателни.
11) Кога косачката треба да ја навалите за да ја пренесете преку
површина која не е под трева, или додека ја носите до површината која
треба да се коси, запрете го ножот.
12) Немојте да ја користите косачката со неисправни штитници, или без
безбедносни уреди, на пример дефлектор, магацин за трева и слично.
13) На моделите со спојка на погонот, пред стартување на моторот
исклучете го погонот.
14) Моторот стартувајте го или вклучете го според упатствата и
осигурете се дека нозете се на сигурна оддалеченост од ножот.
15) Не ја искосувајте косачката додека работи моторот, освен ако е
неопходно при негово стартување. Во овој случај, не ја наведнувајте
повеќе од она што е неопходно потребно за да се подигне само делот
што е далеку од операторот. Бидете сигурни дека секогаш ги држите
двете раце во функционална положба пред повторно да ја исправите
косачката.
16) Не ги приближувајте рацете или нозете до или под подвижните
делови на косачката. Секогаш држете се настрана од отворите.
17) Никогаш немојте да ја кревате или носите косачката ако моторот
работи.
18) Запрете го моторот и исклучете го кабелот за напојување од
електричната мрежа:
- пред да пристапите кон било каква работа под платформата на ножот
или пред чистење на запречениот отвор за исфрлање на покосена
трева;
- пред проверка, чистење или работа на тревокосачката;
- по удар во непознат предмет. Проверете дали тревокосачката е
оштетена и поправете ја пред да продолжите со работа;
- ако косачката почне да вибрира невообичаено силно веднаш
проверете ја косачката и отстранете ја причината за вибрациите;
- кога ја оставате тревокосачката без надзор;
- кога ја транспортирате опремата.
19) Запрете го моторот:
- секогаш кога го вадите или заменувате магацинот за трева;
- пред регулирање на височината на косење.
20) Кога косите, држете се на безбедно растојание од ножот. Тоа
растојание е должината на ракофатот за водење на тревокосачката.
1) Сите завртки, навртки и лостови одржувајте ги соодветно зацврстени
за да сте сигурни дека косачката е безбедна за ра-бота. Редовното
одржување е основен предуслов за безбедност и за одржување на доб
рите перформанси на тревокосачката.
2) За да го намалите ризикот од пожар, одржувајте ја тревокосачката,
посебно моторот, чист и без остатоци од трева, лисје или масни наслојки.
Во просторијата немојте да чувате контејнери со отпадоци.
3) Проверувајте го дефлекторот и магацинот почесто за да утврдите
навреме дали се оштетени или истрошени.
4) Периодично проверувајте ги електричните кабли и заменете ги
ако се оштетени или ако изолацијата им е оштетена. Никогаш немојте
да допирате кабел со лоша изолација ако е приклучен во електричната
мрежа. Пред да превземете било што, исклучете го кабелот од мрежната
приклучница.
5) Кога го вадите или склопувате ножот, носете груби работни ракавици.
6) После острењето, проверете ја урамнотеженоста на ножот. Сите
операции кои се однесуваат на ножот (расклопување, острење,
урамнотеженост, склопување и/или замена) се работа која бара
специфична надлежност како и примена на соодветни алатки; поради
безбедносни причини, потребно е сите операции да бидат извршени во
специјализиран центар.
7) Заради безбедност, немојте да ја употребувате тревокосачката
ако каблите се во лоша состојба или некои делови се оштетени.
Таквите делови се заменуваат - не се поправаат. Користете само
оригинални резервни делови (ножевите секогаш треба га имаат
ознака ). Делови кои не поседуваат соодветен квалитет можат да
ја оштетат косачката и да претаставуваат опасност за вас лично.
1) Секогаш кога е потребно движење, подигнување, транспорт или
наведнување на тревокосачката, потребно е:
- а да носите цврсти ракавици за работа;
- а да ја фатите тревокосачката на места кои нудат сигурно прифаќање,
водејќи сметка за тежината и за нејзиниот транспорт;
- да ангажирате луѓе што соодветствуваат со тежината на машината и
на карактеристиките на превозното средство или на местото каде што
машината треба да биде поставена или подигната.
E) ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ
D) ОДРЖУВАЊЕ И ОДЛАГАЊЕ